Она што се случувало деновиве во кочанската болница е трагикомично, не знае човек дали да смее или да плака. На Благојче Дончев му се јавиле од болницата дека починала мајка му, па семејството веднаш почнало да се подготвува за погреб, но кога отишол да си ја земе мајка му нов шок – таа била жива.
Од Општата болница во Кочани го потврдија случајот за кој веќе е спроведена внатрешна контрола, по што е повикана и полицијата.
– Во тек е истрага за случајот. Претпладнево вработени во болницата се повикани да дадат исказ во полициска станица. Истрагата треба да ги открие виновниците, истакна Александар Серафимов, директор на Општа болница Кочани.
Од семејството Дончеви рекоа дека очекуваат соодветни санкции за сите вклучени во случајот, а поради состојбата со коронавирусот не можат да ја посетат мајка си, па сите информации за нејзината здравствена состојба ги добиваат преку матичниот лекар
Повеќе од прилогот на ТВ Кочани.