13.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Родилката со коронавирус беше изолирана од другите пациентки, тврдат од Клиниката за гинекологија

„Уште еднаш истакнуваме дека во текот на целокупниот престој на пациентката на Клиниката за гинекологија и акушерство, од приемот до исписот, со пациентката е постапувано според сите начела за превенција и заштита од COVID-19, како во поглед на изолацијта на пациентката исто така и во однос на превземените мерки за заштита на медицинскиот персонал и останатите пациенти“, информираат од ГАК и додаваат:

Потсетуваат дека дел од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје функционира за родилки супсектни и позитивни на Covid-19. За таа намена е воспоставен целосен протокол на карантинска изолација од влез, патека на движење, посебна родилна сала, бокс и тим.

-„Од Клиниката за гинекологија и акушерство апелираме уште еднаш сите пациентки кои доаѓаат на клиниката да се придржуваат кон сите насоки дадени од Министерството за здравство во однос на заштитата на сопственото здравје и здравјето на околината, но исто така се упатува и апел за целосно и вистинито давање на информации при прием со цел адекватно и навремено превземање на мерките кои се однесуваат на заштитата на вашето здравје, здравјето на вашето бебе и безбедноста на здравстевниот персонал“, се додава во реакцијата.