Резулатите на починатиот маж од Битола и починатата родилка од Охрид се негативни на Covid-19

Министерството за здравство информира во средата попладнето дека се добиени резултатите на две лица кај кои постмортем е земен брис за тест на новиот тип коронавирус, и оти тестовите се негативни на Covid–19.

Мажот на возраст од 66 години, кој на 30ти март од страна на МВР при извршување на рутинска контола на лице во домашна изолација, беше пронајден починат во својот стан во Битола е негативен на коронавирусот.

„Брисот беше земен истиот ден од страна на Центарот за јавно здравје во Битола и испратен во Скопје на анализа. Починатиот, по враќање од Англија бил во 14-дневна изолација, а истата требала да заврши на 30-ти март. Од познати комобирдитети, имал дијабет и хипертензија“, се наведува во информацијата од министерството за здравство.

Негативен на коронавирусот бил и резулатот на родилката од Охрид, која доцна ноќта во вторникот почина на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

„Пациентката на возраст од 37 години беше вчера попладне донесена во Скопје со возило на брза помош во високо фебрилна состојба и со мртов плод. Како што информираше Клиниката за гинекологија и акушерство по пристигнување, на пациентката уште веднаш и е направена целосна лабораторија и земен брис за Ковид-19. Лекарите оперативно го извадиле плодот, а од стомакот на мајката е евакуиран гној. Причина за смртта е најверојатно сепса со масивна тромбемболија. Пациентката e пратена на обдукција по што ќе има егзактна дијагноза“, се додава во инфрормацијата.

Као што и претходно соопшти Клиниката, станува збор за пациентка со многу голема телесна тежина од околу 150 кг, со висок крвен притисок и тахикардија, која  во последните пет месеци воопшто не се движела, а согласно податоците од докторите во Охрид, пациентката не ги извршувала ниту потребните гинеколошки контроли.