Трагедија во најсмртоносниот ден од коронавирусот во Британија

Со повеќе од петсто починати во еден ден, што е најголемиот број од избувнувњето на епидемијата и по трагедијата со смртта на 13-годишно момче кое не боледувало од никаква хронична болест, пандемијата на коронавирусот драматично се забрзува во Велика Британија во времето кога се слушаат критики поради недостиг од тестови за медицинскиот персонал кој работи до истоштеност.

Во Обединетото Кралство во средата се забележани 563 починати, што е нов црн рекорд на дневно ниво, покажуваат податоците на министерството за здравство.

Меѓу жртвите на Covid-19 е и тринаесетгодишник кој не боледувал од никаква хронична болест, објави неговото семејство, повикувајќи ги сонародниците да остана во своите домови за да си ги „спасат животите“.

Британските здравствени власти забележаа досега 2.352 починати во болниците, и покрај ограничениот број тестови на коронавирусот, има 29.474 официјално потврдени случаи, од кои повеќе од 4.300 се забележани во последните 24 часа.

Со коронавирусот се заразија и премиерот Борис Џонсон, кој во моментов е во карантин, министерот за здравство Мет Хенкок, и принцот Чарсл, престолонаследникот кој во понеделникот излаеза од строгата седумдневна изолација којашто му ја препорачаа британските здравствени власти.