Уапсени штипјаните кои тепаа девојка

    Во врска со видеото кое утрово се споделува на социјалните мрежи, ја информирам јавноста дека од страна на Секторот за внатрешни работи Штип преземени се мерки за утврдување на идентитетот на лицата кои се препознаваат на видеото и истите се лишени од слобода за понатамошно постапување. Според информациите од ПС ОН Штип, станува збор за лицата С.А и П.Р., објави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

    За конкретниот настан и преземените мерки известено е основното јавно обвинителство.

    Министерството за внатрешни работи ги презема сите потребни мерки за целосно расчитување на случајот.

    Две момчиња тепаат девојче а третo ги снима додека таа ги моли да ја пуштат. Вакво видео денес беше споделено во Фејсбук групата „Женски домаќински муабети! ОД ЖЕНА ЗА ЖЕНА“ и предизвика големи број на рекации и коментари.

    „Држи го телефонот“, вели едно од момчињата по што почнува да го удира девојчето и го прашува: „Ќе јадеш ли го*на?“, удирајќи го повторно во пределот на лицето. „Бремена ли си, бремена ли си ку*во од мене, ајдук ќе ме правиш,“ ја удира потоа другото момче, додека девојчето вели не е бремена и моли да ја пуштат.

    Со споделување на снимката, беше пишано дека станува збор за случај во Штип, но не беа споделени дополнителни информации.

     

    https://www.youtube.com/watch?v=Tam_QSAof0g&feature=emb_title