„Би сакала да знам по кој демократски принцип се чувствувате овластен да дадете изјава во име на Комисијата за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европскиот парламент (ЛИБЕ), кога не сте се консултирале со ниту еден нејзин член за состојбата во Унгарија“, му напиша, европратеничката Надине Морано, на претседателот на Комисијата, објави Агенциата V4NA.
J’ai répondu au Président de la commission Libé au @PE_FRANCE qui se permet de parler en mon nom.. pic.twitter.com/H3FNpaF3A7
— Nadine Morano (@nadine__morano) April 1, 2020
Европратеничката којашто е и член на Комитетот, реагираше на соопштението за медиуми објавено на веб-страницата на Комисијата, на 24 март 2020 година, во кое се изразува загриженост во врска со гласањето за продолжување на вонредната состојбата. Во соопштението за печатот, претседателот пишува дека комитетот бара Комисијата да процени дали предложениот предлог-закон е во согласност со договорите на ЕУ, нагласувајќи ја одговорноста на земјите-членки во почитувањето и заштитата на заедничките вредности.
„Јас се дистанцирам во целост од вашите коментари. Во исто време, барам од вас да го поправите соопштението и да истакнете дека мислењето е на претседателот, а не на целиот комитет. На овој начин, ќе придонесете за европските вредности т.е почитување на демократијата, слободата на говорот и разновидноста на мислењата“, додава европратеничката.