
Надлежните служби на градот Скопје утре и задутре по втор пат ќе изврши авионска и терестична дезинсекција против комарци. Утре и задутре од 5.30 до 8 часот ќе се врши авионска дезинсекција, а еросолната дезинсекција пак ќе се одвива од недела до четврток, во период од 23 до 3 часот, наредниот ден.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестичната дезинсекција.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.