
Уште четири лица починале како последица на инфекција со новиот тип коронавирус во Словенија од четвртокот до петокот, па сега вкупниот број се зголеми на 20 мртви, објави во петокот попладнето тамошното министерство за здравство.
Бројот на вкупно заразените во Словнија се зголемил заклучно со четвртокот на 934 пациенти. Бројот на тестирањата кои досега се спроведени во земјата надминал 25.000, во просек се тестираат околу илјада луѓе дневно.
Се белажат и нови зарази во домовите за стари лица, каде што според најновата стратегија за надвладување на епидемијата меѓу најчувствителната популација, станарите на овие домови кои не се тестирани како позиттивни од сега ќе се одвојат во посебни објекти, за инфекцијата не би се ширела.
Портпаролот на словенчката влада, Јелко Кацина, изјави во петокот на прес-конференција дека ова сега е приоритет на владата и здравствените власти, бидејќи не се знае дали намалувањето на дневниот пораст на нови случаи на коронавирусот во Словенија е знак на симнување на епидемијата или тоа е „затишје пред бурата“.
„Поради тоа сите и натаму мора строга да се придржуваат ограничувања кои ги наредија властите и медицинските експерти“, рече Кацин.