Тетовец бегајќи со дрога со автомобил удрил полицаец, наплатна рампа и возила на МВР

Триесет и тригодишен жител на тетовско предизвикал хаос повредувајќи полициски службеник и оштетувајќи полициски возила, кога во четвртокот ноќта не застанал на сигнал за сопорање, а подоцна во неговиот автомобил е откриена прашкаста материја.

На 02.04.2020 околу 23:00 часот, во тетовско Сиричино, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода М.А.(33), од тетовски Пирок, кој управувајќи патничко возило „фолксфаген пасат“, со германски регистарски ознаки, во кое подоцна се откриени остатоци од бела прашкаста материја, најпрво не застанал на полициски знак во гостиварска Топлица и Врапчиште и продолжил да бега.

Во еден момент, враќајќи се наназад, со возилото удрил во полициски службеник. Бегајќи потоа по автопатот Гостивар-Тетово, ја оштетил наплатната рампа, се упатил кон тетовско Желино и по локалниот пат за Сиричино, а попатно удрил и оштетил и две службени возила на МВР.

Во знак на предупредување да застане, полициските службеници испукале неколку проектили. М.А. е задржан во Полициската станица Тетово.