Мутафчиски: Не одете в црква, не е време за празници

Ги повикуваме сите бугарски државјани да не ги празнуваат Велигден и Цветници. Сега не е време за одмор и празници!, изјави началникот на бугарскиот Кризен штаб против ширењето на коронавирусот, генералот Венцислав Мутафчиски на редовниот брифинг.

– Не правете никакви резервации во хотели бидејќи ќе имате сериозен проблем, ќе се заразите таму. Не одете на црковни служби, бидејќи таму ќе се заразите. Останете дома и со семејството, без да се собирате, туку само со оние што живеете, прославете го празникот. Не се потребни излегувања и прошетки, всушност не е дозволено, истакна Мутафчиски.

Тој нагласи дека мерките кои Владата ги има преземено со цел да се спречи ширењето на Ковид-19 се добри.