![bojan stojanovski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/bojan-stojanovski.jpg?resize=661%2C378&ssl=1)
Страшна е информација која што ја слушнав вчера дека 11 здравствени работници во кумановската болница биле заразени со Ковид19, но уште пострашно е колку долго биле носители на овој вирус и дали имале контакт со пациенти, истакнува Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ во статусот на Фејсбук.
„Првата линија за борба против короната се докторите, медицинските сестри, болничарите и останатиот медицински персонал и затоа тие мора да бидат здрави и заштитени.
Затоа Заев и Филипче, наместо да ТАНЦУВАТЕ, ТЕСТИРАЈТЕ. Тестирајте ги масовно барем здравствените работници во пресрет на пикот со епидемијата во Македонија, затоа што тие се првата линија на одбраната, но и се во контакт со пациенти и луѓе со влошено здравје“,, повикува Стојаноски и поскаува добро здравје на сите:
„Медицинскиот персонал се нашите херои, да ги поддржиме“.