Баерн Минхен продолжува со тренинзите

Фудбалерите на Баерн Минхен ќе ги продолжат тренинзите во понеделник при строга согласност со правилото за социјална дистанца, изјави „Кикер“.

Баварците ќе се соберат на теренот во мали групи од 4-5 играчи и ќе започнат лесен тренинг по присилната пауза поради пандемијата од коронавирусот.

Другите екипи од Бундеслигата веќе тренираа изминатава недела.
Германското првенство беше суспендирано кон средината на март и во овој момент датумот за продолжување на натпреварите е 30 април, но периодот веројатно ќе биде продолжен.