
Поради обилни снежни врнежи во општината Рудозем на Родопските Планини, во јужниот дел на Бугарија, денеска е прогласена вонредна состојба.
Сообраќајот е во прекин, а селата се целосно блокирани и нема пристап до нив. На некои места висината на снегот достигна и до еден метар.
Тешкиот и влажен снег предизвика лизгање на земјиштето на патиштата, а во прекин е и снабдувањето со електрична енергија.
Речиси цел ден волонтери ги отстрануваат паднатите дрвја од улиците.