Од среда полицискиот час ќе трае од 16 до 5, а во викенди 24 часа

Полицискиот час од среда за сите ќе почнува во 16 часот, а ќе завршува во 5 часот следниот ден на територијата низ цела Македонија.

За лицата над 67 годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот.

За младите лица до 18 години се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот.

Во викендите полицискиот час ќе биде активен 24 часа, односно од петок од 16 часот, до понеделник до 05 часот наутро.

Според Одлуката, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.
Новите ограничувања стапуваат на сила во среда, 8 април 2020 година во 16 часот.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при шти тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено, стои во соопштението од Владата