Словачкиот суд го осуди поранешниот војник Мирослав Марчек на 23 години затвор поради убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата свршеница Мартина Кушнирова во февруари 2018 година.
Триесет и седум годишниот Марчек не присуствувал на изрекувањето на пресудата, но претходно призна дека е виновен.
Убиството на Куцијак поттикна протести низ целата држава и доведе до соборување на словачката влада.
Јан Куцијак ја истражуваше корупцијата и активностите на Маријан Кочнер, богат претприемач и трговец со недвижности.
Тој и неговата свршеница се убиени со огнено оружје во својот дом во близина на Братислава.
Обвинителите тврдат дека Кочнер го нарачал убиството на Куцијак.
Кон крајот на минатата година на 15 години затвор е осуден и посредникот во убиството на двојката, претприемачот Золтан Андрушко, кој ги контактирал извршителите.