ВМРО – ДПМНЕ: Мерките на владата се задоцнети и со неправилна проценка

Мерките на владата се задоцнети и со неправилна проценка, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека економијата оди кон амбис, а владата не презема ништо, додека квазимерките кои ги најавиле ќе остават десетици илјади работници без помош.

„Неделувањето на власта веќе остави над 20 отсто од вработените во државата без работа. Доколку нема суштинака помош за бизнисот ќе следи економска катаклизма со масовни отпуштања и затворања на фирми“, тврдат од опозициската партија.

На здравствено поле, велат од ВМРО-ДПМНЕ, лекарите се борат голораки. Владата не обезбеди заштитна опрема и дозволи над 10 проценти од заразените да бидат лекари.

„Аматеризмот на власта мора да запре. Граѓаните очекуваат сериозен пристап“,констатираат од оваа партија.