Најдено телото на Мејв Кенеди Таунсенд, продолжува потрагата по синот

[email protected]

Телото на Мејв Кенеди Таунсенд Меккин, внука на покојниот американски политичар Роберт Ф. Кенеди, е најдено во понеделникот ноќта, а потрагата по нејзиниот син продолжува, соопшти полицијата на американската сојузна држава Мериленд.

Четириесетгодишната ќерка на поранешната гувернерка на Мериленд, Кетлин Кенеди Таунсенд, и нејзиниот осумгодишен син Гидеон Меккин, исчезнаа во петокот, откако со кану пловеле кон заливот Чиспик.

Една од агенциите кои учествувале во потрагата „Charles County Dive and Rescue“, го пронашла телото на Таунсенд на длобочина од околу 8 осум метри, околу 4 килиметри јужно од куќата на нејзината мајка во Шејди Сајд, исто така, во Мериленд, од каде што тргнеле со кану. Полицијата соопшти дека во вторникот ќе продолжи со потрагата по нејзиниот син.

Локалната противпожарна единции примила дојава во четвртокот попладнето дека две лица во мало кану или во кајак пловат кон заливот Чиспик. Спаувачите се испратени во тоа подрачје и започнала потраата. Квечерината беше преонајдено кануто и едно од веслата, но без луѓето.

Американската крајбрежна стража добила извештај дека „две лица се видени како се обидуваат да дојдат до брегот“ 16 километри јужно од Анаполис во Мериленд, и дека потоа „повеќе не се видени“, се анведува во соопштението објавено во петокот.

Првичната истрага покажува дека кануто веројатно се превртелот додека се обиделе да дофатат топка, објави телевизиската мрежа NBC News. Потрагата траеше повеќе од 26 часа и беше пребарана облас од 5.887 километри.

Кетлин Кенеди Таунсенд, мајка на исчезнатата жена, изјави дена нејзината ќерка го посветила животот на помагање на најранливите во општеството. Мејв Мекквин беше советник на администрацијата на поранешниот американки претседател Барак Обама за глобалната програма против СИДА-та и волонтирала за мировните сили во Мозамбик.

Порано моќното и влијателното семејство Кенеди од втората половина на минатиот век го погодина голем број несреќи. Дедото на исчезнатата Роберт Ф. Кенеди и неговиот брат пораншениот претседател Џон Фитцџералд Кенеди се убиени во политички атентати, а Џон Ф. Кенеди помладиот и неговата сопруга Керолајн, настрадаа во воздухопловна несреќа.