Итниот штаб против коронавируот во Тетово нема инфектолог. Јавноста не знае, не знае ниту министерот, нема ниту епидемиолог. Имаше една докторка, но таа ја нема никаде, рече претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи во емисијата “Клик Плус“ на телевизија Тв21.
Упати критики и на сметка на министирет за здравство Венко Филипче, дека тој не треба да биде во функција на портпарол кој на дневна основа ги споледула статистиките од пандемијата со коронавирус, туку тој треба да биде менаџер на кризата, што за жал се покажа дека не е тоа.
„Министерот за здравство не треба тој што ги споделува статистиките, тој треба да е менаџер на кризата. За жал министерот Филипче не е тоа. Во најмала рака, кога тој има обраќање до јавноста, тој треба околу себе да има екперти, по двајца инфектолози и епидемиолози. До сега министерот требаше да ги има подготвено најголемите болници во земјата, со целиот потребен професионален кадар,“ рече Тачи.
Додаде, исто така, дека ако тој бил премиер и ако имал парламентарно мнозинство, ќе вовел 24-часовен полициски час, како мерка против ширењето на корона вирусот.