Теодосиќ избран во „Тимот на деценијата“ во Евролигата

Српскиот кошаркар Милош Теодосиќ е избран во симболичниот тим на Евролигата за оваа деценија.

На гласањето учествуваа навивачи, новинари, играчи и тренери на клубовите.

Теодосиќ беше прогласен за МВП на сезоната 2009/10 како дел од Олимпијакос. Во 2011 година, тој се пресели во ЦСКА, со кого играше шест пати на фајнал фор, а во 2016 година ја освои титулата во елитното натпреварување.

Србинот беше дел од идеалната петорка во сезоните 2009/10, 2014/15 и 2015/16.

Заедно со Василис Спанулис, Теодосиќ е еден од двајцата играчи кои успеаја да заработат повеќе од 2.500 поени и 1.000 асистенции за една деценија.