45-годишно лице од Скопје заразено со Ковод-19 почина по пат накај болницата „8-ми Септември“, додека вечерва министерот за здравство, Венко Филипче гостуваше на „Топ Тема“ и тврдеше дка пациентите заболени од коронавирусот во Македонија се со лесна слика.
„Оној добриот дел од приказната да кажеме е што огромен број од пациенти имаат многу лесна клиничка слика. Огромен процент близу 60-70% имаат лесен тек на болеста и поминува како горно респираторна болест, како настинка, како обичен сезонски грип, едно средна тешка форма која апсолутно може да има излекување“, појасни Филипче.
Според дополнителната информација од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), 45-годишен пациент од Скопје, тестиран и потврден позитивен на Ковид-19 преку Ветеринарниот факултет, починал на пат кон болницата „8-ми Септември“.