
Европската комисија ги повика земјите членки во средаа да ги продолжат ограничувањата за влез во Европската унија од трети земји за сите помалку важни патувања до 15-ти мај, за да се сузбие можноста од ширење на пандемијата на коронавирусот.
„Комисијата повикува на координиран пристап кон продолжувањето на ограничуваата, бидејќи делувањато на надворешните граници може да биде единствено ефикасно доколку го применуваат сите земји членки на сите граници на ист датум и на идентичен начин“, се вели во соопштението на ЕК.
Комисијата, исто така, издаде упатства за репатријацијата на членовите на екипажите на туристичките и товарните бродови, од кои многу се заглавени надвор од територијата на ЕУ во моментот на воведуање на ограничувањата. ЕК ги повика земјите членки и да создадат мрежа од пристаништа каде што би можела да се врши замена на екипажите.
Комисијата на 15-ти март ги повика челниците не земјите членки да воведат привремени ограничувања за влез во ЕУ на почетен период од 30 дена. Препораката беше поддржана на 17-ти март и потао сите земји членки на ЕУ, освен Ирска, и земјите чнеки на шенгонскиот порстор кои се надвор од ЕУ донесоа национални мерки за играничување на влегувањата за сите помалку важни патувања.
Сега ЕК ги повикува земјите членки да ја продолжат мерката за уште еден месец, до 15-ти мај, а дотогаш повторно ќе разгледвуаат дали е потребно ново продолжување.
Апелот се однесува на ткн „ЕУ+ простор“, кој ги вклучува сите членки на шенгенскиот простор заедно со Бугарија, Романија Кипар и Хрватска кои се надвор на оваа зона, како и четирите земји кои се придружени на шенгенскиот простор: Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштај.
Од воведувањето на ограничувањето, воздухопловниот сообраќај во ЕУ речиси е целосно запрен, летат само уште товарните и авионите упатени од ЕУ за репатријација на државјаните на земјите членки. Слична е ситуацијата во железничкиот, автобускиот и бродскиот сообраќај.
„Сите земји членки успепшно ги пременија мерките за социјално дистанцирање за да се намалат социјалните контакти и да завави ширењето на вирусот. Ораничувањата за помалку важните патувања од трети земји во ЕУ ги доплнуваат овие мерки на надворешните гранции на ЕУ“, изјави потпретседателот на ЕК задолжен за промоција на европскиот начин на живот, МАргаритис Шинас.
„Иако гледаме охрабрувачки први резултати, продолжувањето на рестрикциите нужно е да се продолжи за да се намали ризикот од натамошно ширење на болеста. Не би требало уште да ги затвораме нашите порти во време додека ја обезбедуваме куќата“, истакна.
Во ЕУ и натаму може да влегуваат граѓаните на земјите членки, граѓаните од земјите од шенгенскиот простор кои не се членки на ЕУ и членовите на нивните семејства, потоа граѓани на трети земји кои имаат постојан престој во ЕУ. Забраната, исто така, не се однесува на лекарите, медицинските сестри и другите здравствевни работници кои се дефицитарни во западните земји на ЕУ, како и научниците и стручњаците кои помагаат во борбата против коронавирусот, како и лица кои превезуваат стоки, работници во пограничните зони и сезонските работници во земјоделието.