
Статуата на Брус Ли во Мостар, Босна и Херцеговина, осамна опремена со заштитна маска и ракавици… Инстраграм-страницата посветена на овој мајстор за боречки вештини наведува дека на тој начин, тој повторно станал симбол на борбата, овојпат против коронавирусот.
Ќерката на Брус – Шенон Ли пак, се потсети на неговата изрека: „Добриот борач никогаш не е гневен, туку подготвен“.
– …Како што и оваа статуа на Брус Ли, која е опремена со соодветна опрема за Ковид-19. Сега го направија и пример за борбата против коронавирусот, додава таа.