Трамп: Договорот за нафтата ќе сочува стотици илјади работни места во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го пофали договорот на водечките светски производители на нафта за намалување на производсвото  на сирова нафта на глобално ниво и порача дека , благодарение на тоа, ќе се сочуваат работни места во американската индустрија.

-Договорот ќе спаси стотици илјади работни места во областа на енергетиката во САД, рече Трамп.

Тој истакна дека им се заблагодарил и им честитал на рускиот претседател Владимир Путин и на судискиот крал Салман на постигнатиот договор, пренесоа британските медиуми.

Членките на ОПЕК и нивните сојузници потпишаа договор за намалување на производтвото на нафта на 9,7 милиони барели дневно, соопошти претходно Министерството за енергетика на Казахстан.

Во соопштението се наведува дека е постигнат договор за намалување на производството на нафта за два месеца, почнувајќи од 1 мај.