Македонија со највисока стапка на смртност од Covid-19 на просторот на поранешна Југославија од 4,5 отсто!

Просечната стапката на смртноста во Македонија од болеста Covid-19 којашто ја предизвикува новиот тип короанвирус изнесува 4,5 отсто и е највисоката во споредба со сите други држави од поранешна Југослација, објави хрватскиот портал N1.

Просечната стапка на смртноста на просторот на поранешна Југославија е 2,7 отсто. Бројката на потврдени случаи во сите шест земји е 7.170, а починати се 196 лица.

Покрај Македонија, висока стапка на смртност има и Босна и Херцеговина – 4,1 отсто, но и Словенија – 3,8 отсто. Србија има стапка на смртност од 2,3 отсто, а Хрватска – 1,4 отсто. Најниска стапка има Црна Гора – 0,8 отсто.

Највисока стапка на смртност во светот имаат Италија и Велика Британија – по 12,8 отсто.