
Во текот на изминатите 24 часа, во Велика Британија се направени 18.000 тестови.
Портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон оцени дека земјата е на добар пат кон целта за дневно да бидат правени по 100 илјади тестови.
Според него, 18.000 тестови се направени до 08 часот вчера, изземајќи ја Северна Ирска. – Мислам дека добро напредуваме, оцени тој.
Британската Влада се најде под голем притисок поради ниското ниво на тестирања на новиот коронавирус во споредба со одредени држави, посебно Германија.