
За коронавирусот и болеста ковид-19 секој ден сѐ повеќе се дознава, што не е чудно бидејќи станува збор за целосно нов вирус, досега непознат на науката. И натаму главните и основни симптоми на ковид-19 е зголемена телесна температура и сува кашлица, но се појавија и други симптоми кои научниците ги вбројуваат во јасни показатели дека станува збор за инфекција со коронавирусот.
Болка во стомакот
Досега знаеме дека губењето на сетилото за мирис и вкус исто така е чест симптом. Многу случаи, според истражувањата на лекарите од Вухан, пред главните симптоми почуствувале проблеми со органите за варење, воглавно во вид на дијареа, болки во стомакот и повраќање.
Се знае и за три благи симптоми на коронавирусот кои се целосно атипични, како и коњуктивитисот. Според научниците од францускиот Националното здружение на дерматовенеролози, сѐ повеќе случаи со невообичаени симптоми кои немаат никаква врска со респираторните симптоми.
Збунетост и конфузија
Покрај ова, како што пишува „Тајмс“, некои пациенти чувствуваат невролошки симптоми, како збунетост и конфузија, како и трнење на нозете. Кај некои случаи се јавуваат сите симптоми на инфаркт, но без запушени артерии.