![DEL BOSKE UBEDEN SPANIJA](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/06/DEL-BOSKE-UBEDEN-SPANIJA.jpg?resize=615%2C400&ssl=1)
Големо разочарување можеше да се забележи во изјавата на селекторот на Шпанија, Винсенте дел Боске, кој призна дека ова е голем шок и додаде дека целата ситуација ќе добила поинаков тек доколку Давид Силва ја реализирал големата шанса при резултат 1:0 за Шпанија.
„Ова е неверојатен шок за сите нас. Мораме да признаеме дека одигравме многу лош натпревар и дека целата селекција комплетно потфрли. Можеби се ќе беше поинаку ако ние поведевме со 2-1 со шансата на Силва, но нема сега да фантазираме. Јасно е дека доживеавме дебакл и дека ќе ни биде потребно време да се опоравиме. Но, токму тука треба да ја покажеме нашата големина. Ние сме светски шампиони и треба да се вратиме во игра. Ова е спорт, не е потребна цела револуција доколку еднаш загубите. За нас овој натпревар е завршен и веќе од вечерва ќе размислуваме за следниот предизвик. Да, ќе треба да научиме нешто од грешките што ни се случија и да не дозволиме да ни се повторат“, изјави Дел Боске.