Филипче: Голема е смртноста кај лица приклучени на респиратори

Министерот Филипче одговори дека смртноста кај лицата заболени од коронавирус, а кои се приклучени на респираторни мешини, за жал е многу голема.

– Овие лица имаат најтешка форма на болеста, многу каратеристична на атипична пневмонија. Во многу публикации пишуваше дека овој процент за жал е голем. Сакам да кажам дека респираторната машина не е еден од факторите кои што ја манифестираат тежината на болеста, затоа што страдаат многу други органи – вели министерот.

Во однос на тестирањето на дали и кога тој ќе биде тестиран, како и останатите членови на државниот врв, како и новинарите кои биле вчера во Куманово, министерот рече дека во момнетов се остава период за да се види нивната состојба, па потоа да се тестираат.