4.8 C
Skopje
недела, февруари 23, 2025

Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ: МОН и БРО веднаш да изготват скратена програма

Власта излезе неподготвена за вакви вонредни состојби како во сите области, така и во образованието, а во обид да се заврши наставната година и да се реализира предвидената програма, се наметна една мачна состојба како за учениците, така за родителите, а секако и за наставниците и професорите.

Во продеолжение ви ја пренесуваме целата реакција на комисијата за образование и наука на ВМРО – ДПМНЕ:

Во една ваква состојба наместо надлежните веднаш да ја скратат наставната програма колку што може повеќе, да ја прилагодат на моменталната состојба тие секојдневно наметнуваат невиден административен притисок.

Уште еднаш нагласуваме и предлагаме:

Веднаш МОН и БРО да изготват скратена програма до завршување на наставната година, со јасни насоки до наставниците како да постапуваат по неа!

Кога надлежните не се грижат за образованието тоа е оставено на самите вработени во воспитно-образовниот процес.

Затоа да им дадаме поттик на учениците, на наставниците и родителите да издржат во оваа состојба.

Здравјето пред сѐ!