
Седум американски североисточни сојузни држави ги продолжија до 15-ти мај ограничувањата поради епидемијата од коронавирусот во САД во четвртокот, кога бројот починати надмина 32.000 луѓе, а претседателот Доналд Трамп го подготува отворањето на најмалку погодените држави до 1-ви мај.
Гувернерот на сојузната држава Њујорк, Еднрју Куомо, ја продолжи наредбата за ненепуштање на домовите, освен поради неопходни причини, за следните две седмици и покрај забавувањето на ширењето на заразата. Куомо образложи дека ги продолжува рестрикциите во договор со шест сојузни држави во соседството.
Гувернерите на седум сојузни држави на североистокот од САД се договорија за координирано дејствување во случај на повторното покренување на американката економија. Минатата седмица Лос Анџелес ги продолжи забраните до 15-ти мај, а престолнината Вашингтон донесе иста одлука во средата.
„Што ќе се случува по тоа не знам, ќе видиме, зависно од тоа што ќе кажат податоците“, рече Куомо на редовната прес-конференција, кој ја води најтешко погодената држава на којашто отпаѓа повеќе од третина во вкупниот број починати во САД.
Рекордни бројки на починати и заразени
Според податоците коишто ги објавува порталот Worldometer, бројот на починатите во САД севкупно до четвртокот изнесува 33.490 луѓе.
Според евиденцијата на агенцијата Reuters бројот на починатите во САД во четвртокот се зголеми на 32.000 луѓе, со што земјата станува најтешко погодената според бројот на жртвите во пандемијата. Најмала бројка починат, околу 31.000 лица, засега објавува Универзитетот „Џонс Хопкинс“.
Борјот на починатите е удвоен за само една седмица, а рекордниот број мртви е забележан два дена со ред, забележува Reuters. Додава дека ова не е заокружената слика, бидејќи сѐ уште се очекувуаат дневните податоци од некои сојузни држави.
Бројот на заразените во САД се ближи кон 650.000 лица во четвртокот, а според Worldometer заразени со коронавирусот се заразени 654.343 луѓе, речиси исто колку што објави и Институтот при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ кој на својата веб-страница ги нотира податоците добиени од сојузните и локалните власти.
Бројот на починатите во средата надмина 2.500 лица, што беше повеќе од претходниот ден кој беше рекордниот според бројот смртни исходи.
Во средата бројот на заразените порасна за речиси 30.000 лица, што е најголем пораст во последните пет дена, но постојат големи разлики меѓу сојузните дрќава, па така помалку од 100 смртни случаи од коронавирусот се забележани во 18 сојузни држави.
Покренување на економијата
Мерките за изолација тешко се одразија врз американската економија, туркајќи ја во криза каква што не доживеала уште од Големата депресија пред речиси еден век. Повеќе од 20 милиони Американци остана без работа во текот на изминатите нецели два месеца, и побараа недоместоци за невработеност.
Како што најави во средата, претседателот Доналд Трамп се очекува да ја претстави својата стратегија за покренување на тешко погодената американска економија до 1-ви мај.
Пред претставувањето на планот подоцна во четвртокот, предвиден е разговор на Трамп и гувернерите на сојузните држави. Претходно оваа седмица претседателот рече дека има „апсолутно овластувања“ во поглед на покренувањето на економијата, но подоцна рече дека на тоа ќе работи со гувернерите.
Трамп во средата рече дека епидемијата го достигнала својот пик, и дека претставниците на разни индустриски сектори му дали полезни совети како сигурно повторно да ја покрене економијата. Меѓутоа, некои стручњаци тврдат дека сеопфатните тестирања се предуслов за покренување на економијата.
Директорот на Центарот за контрола и пренвеција на болестите (CDC), Роберт Редфилд, изјави дека 19 од 20 држави дале потврда дека може да бидат отворени на 1-ви мај, но не спомена за кои држави станува збор.
Протести против рестрикциите
Порадни наметнатите рестрикции во поедини американски сојузни држава се случија протести. Во Ричмонд, главниот град на Вирџинија, неколку десетици луѓе се собраа пред седиштето на парламентот во четвртокот, поради одлуката на тамошниот гувернер за пдоролжување на рестриктивните мерки до 10-ти јуни.
„Запрете го лудилото! Ова е само вирус на настинка! Прекинете го затворањето за доброто на сите нас!“, пишуваше на еден од билбордите.
Илјадници демонстранти трубеа од своите возила во Лансинг, главниот град на Мичиген. Во оваа сојузна држава коронавирусот брзо се шири, и има над 27.000 заразени со 1.800 смртни исходи.