Вчера во 19.10 часот на наплатната станица Гостивар, приведена била 30-годишната Б.Ј од гостиварското село Стар Балин дол, која била лице со здравствени проблеми и која се однесувала агресивно и на полицајците им се заканувала со нож, наведено е во полицискиот билтен.
„Приведена е Б.Ј.(30) од с.Стар Балин дол, гостиварско, која била лице со здравствени проблеми, бидејќи истата се однесувала агресивно и се заканувала со нож дека ќе ги нападне полициските службеници при вршење работи од областа на безбедноста. Набрзо Б.Ј. била пренесена во Психијатриска клиника во Скопје“, соопштуваат од МВР.