Во геријатрија во Ѓорче Петров има случај на коронавирус, Филипче најави серолошко тестирање во домовите за стари лица

Министерот за здравство Венко Филипче, најави дека во текот на идната недела ќе има серолошко тестирање во домот за старите лица, откако денеска во геријатријата во Ѓорче Петров е присутен коронавирус.

„Во домот за геријатрија во Ѓорче Петров, има дијастигноцирана вработена хигиеничарка. Таа имала покачена телесна температура, направен тест и истиот е позитивен, направена епидемомилошка анкета, дел од колешките, колегите се веќе во самоизолација. Имајќи во предвид дека домовите за стари лица се едни од можните жаришта, и треба да се пристапи со висока доза на внимателност. Поголемиот дел од тие стари лица се неподвижни, практично сите со хронични болести, и идната недела ќе пристапиме со серолошко тестирање на домовите за стари лица низ земјата“, рече Филипче.