Земјоделците не се добро информирани за начинот на издавање на дозволите за движење, кога и каде смеат да се движат. Јас апелирав кај министерот, но не наидов на разбирање затоа што политиките ги водат и постапките ги носат во затворен круг без јас да учествувам во носење на истите.
Ова го истакна Цветан Трипуновски, дополнителниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, во интервју за КУРИР.
-Има потешкотии затоа што земјоделците прво се обраќаат до подрачните единици. Според моите информации, тие наоѓаат на бариера во подрачните единици. Едноставно, раководителите ги препраќаат до надлежните институции. Треба многу потемелно да им се објасни на земјоделците како и на кој начин ќе можат да вадат дозволи затоа што она кое го носи Владата како предлог-мерки за издавање на дневните дозволи кои им се потребни на земјоделците, сметам дека се премногу бирократски затоа што земјоделскиот процес се обавува секојдневно. Практично е невезможно некој земјоделец да предвиди какви ќе бидат временските услови во овој продолжен викенд. Сметам дека овие процедури кои се на терет на земјоделците, треба повеќе да се олабават, за да можат тие да произведуваат храна, истакна Трипуновски.
Проблемите на земјоделците, вели Трипуновски, не допираат до министерот и Владата
Целото интервју со него, погледнете го во продолжение: