
Вирусот ја губи силата во поголемиот дел од Србија, изјави во саботатата членот на владиниот Кризен штан, реномираниот епидоемиолог Предраг Кон, откако беа потврдени уште седум смртни исходи и 304 новозаразени во последните 24 часа.
„Ние одлично стоиме, и тоа треба да се каже“, истакна епидемиологот Предраг Кон на редовната прес-конференција на Кризниот штаб.
Во Србија, има вкупно 5.944 заболени од Covid-19 од почеокот на епидемијата од 6-ти март и 117 починати.
„Граѓаните мора да сфатат дека голем број од нас се заразени а немаат никакви симптоми, поради што и натаму на сила е социјалната дистанца за да се спречи пренесувањето на коронавирусот“, исканат членот на владиниот Кризен штаб, покаинскиот секретар за здравство на Војводина, Зоран Гојковиќ.
Тој истакнувајќи дека нацијата се соочува со „невидливиот непријател“, објасни дека кај голем број лица се забелеажани асимптоматски форми на зраразата и болета минува без никакви симптоми.
Епидемиологот Кон оцени дека по Велигден „сигурно ќе дојде до ублажување на мерките“, но оти тоа ќе се одвива „многу многу постапно“.
Кон ги советува сонародниците да ја пропуштат претстојната летна сезона, а времето на годишните одмоди да го минат во Србија. „Секогаш е подобро да се биде во својата земја и да не се добие зараза во туѓа, тоа е наједноставното образложение“, рече епидемиологот.
Во Србија од почетокот на епидемијата на 6-ти март трестирани се вкупно 36.028 лица, од досега 5.994 заболени на болничко лекување се 3,853, а поради тешка клиничка слика на респиратори се 126 пациенти.