Над 100.000 мртви во Европа, сѐ повеќе протести во САД

Бројот на починатите како последица од инфекција со новиот тип коронавирус во Европа го надмина прагот од 100.000 лица, додека мноштво Американци во повеќе места низ САД протестираат против наметнатите рестрикции, со поддршка за претседателот Доналд Трамп, а слични протести се одржаа и во Бразил.

Според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, присуството на коронавирусот е потврдено кај 2.330.259 луѓе во светот, доддека починале 160.917 лица. На Европа, каде што починале над 100.000 луѓе а целосните податоци од саботата сѐ уште се ажурираат, отпаѓаат речиси две третини од смртните случаи, а на САД речиси четвртината.

Националните власти во повеќе европски земји тврдат дека социјалното дистанцирање го забавило ширењето на епидемијата. Поради неа, инаку, над 4,5 милијарди луѓе многу повеќе од половината од светското население, беа опфатени со некој вид карантин.

Епидемијата, се чини, забавува во најпшогодените европски земји Италија и Шпанија.

Во Шпанија, според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, коронавирусот е потврден кај 195.416 лица, а починале 20.639 луѓе. Шпанската влада во саботата ја продолжи мерката карантин до 9-ти мај.

Во Италија се забележани малку помалку заразени – 175.925 лица, но повеќе смртни исходи – 23.277. Од вторникот во некои италијански региони се отворени библиотеките, продавнциите за канцелариски материјали и продавниците за стоки наменети за деца.

Во Франција од коронавирусот починале 19.349 луѓе, а заразени се 152.978 лица, додека во соседна Германија коронавирусот е потврден кај 143.724 лица, со 4.538 починати. Во Велика Британија, пак, има 115.314 заразени и 15.498 починати.

Според интернет ресурсот Worldometers, најмногу починати на милиони жители има Белгија, каде што од Covid-19 починале 5.453 луѓе.

Некои земји, како Велика Британија, Јапонија и Мексико, ги продолжија рестрикциите, додека други како Швајцарија, Данска и Финска ги отворија продавнциите и училиштата оваа седмица. Германија, којашто објави дека вирусот е „под контрола“ дозволи отворање продавници, додека дел од учениците ќе се вратат во клупие во следните неколку седмици.

 

Некои гувернери во САД „се занесоа“ со „неразумните“ мерки

Во САД се потврдени 735.242 случаи на заразата со коронавирусот, а 39.090 луѓе починале од болеста Covid-19 која ја предизвикува вирусот.

Сепак, ширењето на заразата забавува во некои сојузни држава, додека државата Њујорк потврди најмалку смртни случаи во последните неколку седмици, што тамошниот гувернер Ендрју Коумо го припиша на рестриктивните мерки за социјално дистанцирање.

Меѓутоа, многу Американци деновиве протестираат против уредбите да не ги напуштаат нивните домови пред парламентите на сојузните држави Тексас, Мериленд, Њу Хемпшир и Охајо.

Луѓето кои протестираат во петокот беа охрабрени од претседателот Доналд Трамп кој во три објави на Twitter напиша дека треба да „се ослободат“ Мичиген, Минесот и Вирџинија.

Мерките за изолација тешко се одразија врз американската економија, туркајќи ја во криза каква што не доживеала уште од Големата депресија пред речиси еден век. Повеќе од 20 милиони Американци остана без работа во текот на изминатите нецели два месеца, и побараа недоместоци за невработеност. Како што најави минатата седмица претседателот Доналд Трамп неговата стратегија е за покренување на тешко погодената американска економија до 1-ви мај.

Трамп сака што поскоро придвижување на силно погодената американска економија за да ги намали негативните ефекти. Сепак, иако најави дека самиот ќе одлучува за отворањето на економијата, по состанокот со гуверенерите на сојузните држави им ја препушти одлуката.

Откако во четвртокот го претстави планот за постапнот отворање на земјата во три фази, Трамп во саботата за новинарите рече дека некои гувернери се „занеле“ и наметнале „неразумни“ рестриктивни мерки.

Според истражувањето на институтот Pew, двојно повеќе Америакнци не ги поддржуваат демонстрантите отколку што ги поддржуват, и повеќе бидел загрижени од можното предвремено укинување на мерките, отколку поради тие да попуштат предоцна,

 

Протести против ограничувањата и во Бразил

Во поголемите градови во Бразил, стотици луѓе го блокираа сообраќајот во знак на протест поради мерките за изолација воведени за борба против пандемијата на коронавирусот, на коишто, исто така, се спротивставува и претседателот Жаир Болсонаро.

Демонстрантите во камиони, автомобили и мотоцикли трубеа низ улиците на Рио де Жeнеиро, Сао Паоло и Бразилија, барајќи гувернерите да поднесат оставка поради мерките што доведоа до повеќенеделно затворање на многу бизниси и големо губење на работните места. Во Рио де Жанеиро стотина автомобили беа вклучени во блокада на патиштата и привремено ја затворија плажата Копакабана.

Претседателот Болсонаро е остар критичар на мерките за останување во домовите, оценувајќи дека економската штета може да биде полоша од самата болест. Протестите се случија еден ден откако Болсонаро го разреши министерот за здравство, кој се залагаше за доследно спроведување на мерките за изолација.