Гости на семејна прослава во скопско расчистувале сметки со ловечка пушка, интервенирала ЕБР

Утрово околу  1 часот по полноќ  во скопското село Долно Соње, во куќа на улицата 12 сопственост на 56-годишниот П.К. од Скопје, каде што претходно имало семејна веселба, се случил инцидент во кој биле употребени ловечка пушка и боксирач, а интервенриале и припадници на посебната полициска единица.

Од МВР денеска информираат дека во куќата во село Долно Соње дошле 27-годишниот М.М. и 24-годишниот С. Т, кои од страна на сопственикот биле поканети и по кусо време заминале. Но набргу повторно се вратиле при што С.Т. со себе носел ловечка пушка, а пак М.М. боксирач.

Влегле во дворот на куќата при што М.М. го нападнал 27-годишниот Б.К., инаку син на сопственикот на куќата, а пак С.Т. испукал еден проектил во правец на неколку лица. Во тој момент лицето Н.К. ја фатил пушката што била во рацете на С.Т. по што вториот проектил бил испукан во воздух. По ова М.М. и С.Т. го напуштиле местото на настанот, се појаснува во соопштението од МВР.

Веднаш по известувањето на полицијата на местото на настанот се упатиле припадници на Единицатра за брзо распоредување (ЕБР) и полициски службеници од полициската станица Кисела Вода, а лицата М.М. и С.Т. се пронајдени и приведени во станица за понатамошна постапка.