Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во понеделникот дека со извршна уредба привремено ќе ја запре целата имиграција во САД, поради пандемијата на коронавирусот и заштитата на работните места на Американците кои со десетици милиони останаа без работа поради економската криза како последица од рестриктивнтие мерки за сузбивање на заразата.
Кон средината на март САД ги сопреа сите рутински визни услуги, и имигрантски и неимигрантски во повеќето замји во светот во кои избувна епидемијата од короанвирусот, што потенцијално влијаело на стотици илјади лица.
Со мерката којашто републиканкиот претседател Доналд Трамп ја најави на Twitter, ефикасно се постигнува една од неговите долгорични политички цели – ограничувањето на имиграциите во САД. Опозициските демократи веднаш ја осудија оваа мерка, за којашто велат дека претставува користење на сегашната здравствена и економска криза поради пандемијата, за политички цели, иако Трамп најави само времено запирање на имиграцијата.
Трамп објасни дека оваа мерка ја презема за да ја заштити американската работна сила. Десетици милиони Американци останаа невработени, откако компаниите почнаа да затвораат поради пандемијата од коронавирусот.
„Во атмосферата на напад од Невидливот непријател, како и потребата да се заштитат работните места на нашите ГОЛЕМИ американски граѓани, ќе потпишам извршна уредба со којашто привремено се запира имиграцијата во Соединетите држави“, напиша Трамп на Twitter.
Белата куќа не објави други поединости за причините за оваа одлука, како ни периодот во којашто ќе биде спроведена.
Трамп во 2016 година победи на претседателските избори во голема мера врз основа на ветувањата дека ќе ја ограничи имиграцијата од централна Америка со градење на ѕидот на границата со Мексико. Неговата администрација во изминатите три години значително го запре и легалното и илегалното доселување во САД, а истовремено и стапката на невработеност до почетокот на корона-кризата се движење околу историски најниските нивоа.
„Со прекинувањето на имиграцијата, создавате крате во веќе слабата економија на нашата земја. Каква глупава одлука“, напиша на Twitter Хулиан Кастро, поранешниот кандидат за номинацијата на Демократската партија на претседателските избори.
Американската економија поради пандемијата е во лоша состојба. Повеќе од 22 милиони Американци само во март се пријавиле за надомест за невработени поради губењето на роботните места.
„Има смисла да се заштитат можностите за нашата работна сила додека трае пандемијата. Всушност не станува збор за имиграцијата. Станува збор за пандемијата и одржувањето на нашата земја посигуран, а истовремено и да се заштитат шансите на невработените Американци“, изјави Томас Хомен, поранешниот вршител на должноста директор на имигациската и царинската служба.
САД имаат најголем број заразени со короанвирусот, над 780.000 луѓе, од кои починале 43.000. Но повеќето функционери, како и Трамп, сметаат дека пикот на епидемијата во САД е минат и поттикнуваат на отворање на компаниите.