Додека секаде во светот бензините поевтинуваат, само во Македонија под власта СДСМ поскапуваат. Одлуката за поскапување на акцизата на горивата во период на криза предизвикана од пандемијата на на короанвирусот претавува грабеж нa граѓаните, преку прес-конференција истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
ЊОва е начин како Владата на (лидерот на СДСМ, Зоран) Заев ќе зема од парите на граѓаните за да ја покрива финансиската дупка која ја направи владата. Истовремено, владата на Заев ќе се задолжува земајќи пари од граѓаните“, рече Мисајловски.
Додаде дека ниската цена на нафтата на светските берзи власта на СДСМ ја користи за овозможување на високи профити на поединци на штета на сиромашниот народ.
„Оштетени се сите домаќинства кои имаат возило или се греат на екстра лесно масло; фирмите, кои користат погонски горива и чија дејност е поврзана со транспортот; како и земјоделците кои во наредниот период треба да произведат храна за да ја прехранат нацијата. Владата ќе прибира пари од народот за да има пари за СЈО, за да има за времени вработувања на партиски кадри. Ние како партија не се согласуваме и апелираме да не се злоупотребува кризата за лукративни цели на власта. Со ваквата одлука се ризикува ценовен шок и растење на цените на други производи поврзани со цената на чинење на нафтата. Ова не е одлука за помош на стопанството туку враќање на времињата на транзицијат“, појасни Мисајловски.