
Авиокомпанијата „Ер Канада“ синоќа соопшти дека ги прекинува авионските врски со САД, откако Отава и Вашингтон се договорија да го продолжат ограничувањето на прекуграничните патувањаа за дополнителни 30 дена поради пандемијата со Ковид-19.
„Ер Канада“ наведе дека последните комерцијални летови помеѓу Канада и САД ќе бидат на 26 април.
Канадскаата авиокомпанија планира да ги обнови летовите на 22 мај доколку не се продолжат владините ограничувања.
Сите патувања што не се нужни помеѓу Канада и САД се забранети од 21 март, иако границата и понатаму е отворена за трговија.
Авиокомпанијата „ВестЏет“ исто така ги стопира прекуграничните и меѓународните летови до 4 јуни.