(ФОТО) Груевски: 24 години ВМРО-ДПМНЕ е нераскинлив дел од народот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски, на 24 роденден на партијата истакна ВМРО-ДПМНЕ истакна дека најголемиот успех на партијата во овие 24 години е што остана нераскинлив дел од народот, кој е нејзина најголема сила, и дека ВМРО-ДПМНЕ има план како да ја развива Македонија и да ја направи економски посилна. На приемот присуствуваа членовите на највисокото раководство на партијата, министри, сегашни и поранешни пратеници, ветерани и основачи на партијата, членови на УМС, претставници на дипломатскиот кор.

„ Д-р Христо Татарчев ќе каже: Македонија била и си останува култ на македонскиот народ, на неговата религија, род,  јазик, на реликвиите на нејзините дедовци и прадедовци. Ќе дојдат генерации да ја видат независноста. На 17 јуни 1990 година беше формирана ВМРО-ДПМНЕ, врз основа на постулатите на историското ВМРО со една единствена цел а тоа е да го оствари вековниот идеал на македонскиот народ да живее во независна, суверена Република Македонија, држава која ќе служи на интересите на сите нејзини граѓани“, потенцираше Груевски.

Периодот на основањето на ВМРО-ДПМНЕ, според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, беше период на неизвесност, на многу препреки, но со конечен успех и со победа на идејата, базирана на партиската идеологија, која во сржта ги има вистината, моралот и здравиот систем на вредности и која се роди од правдата, од слободата, од непокорот, од националниот интерес и, пред се, од потребите и интересите, но и од чуствата и интересите на народот.

Груевски  им се заблагодари на граѓаните за вреднувањето на тоа што го работат и за довербата што им ја даваат девет пати по ред, во последните девет години. Но, им се заблгодари и на оние што ги критикуваат бидејќи, како што рече, уште повеќе ги мотивираат да ги исправат грешките, да учат од нив и да станат уште посилни и посупешни.

Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ во перидот додека е на власт започна стотици реформи во сите сектори кои можеби нема да ги решат сите проблеми, но, потенцираше премиерот, работите почнаа да се менуваат кон подобро и да одат напред.

„Јас сум свесен дека реализацијата на оваа задача не е нималку лесна, ниту пак едностана, но ние како генерација политичари ја имаме историската одговорност со чесна работа да придонесеме во изградбата на Македонија. Таквата наша посветеност и работата базирана на принципи и вредности создаде нови стандарди за работа и ја крена летвичката многу повисоко, а со тоа и очекувањата на граѓаните како треба да се води политиката и колку резултати треба да се постигнат“, истакна Груевски.

Последната убедлива победа на партија, според него, е триумф на посветената и макотрпна работа на реформите и проектите. Повтори дека програмата на партијата мора доследно да биде реализирана.

D450798F4A1CF9D3FD95BBF4CFCF15A7

14B5ADD0222FAC8DBC270A7C9824F9A6

E34F394651AB58D5F2B9AAB747EF82A8

347060AE29A7DE50922877C9E76263D7

borkica

ФОТО: МИА