Во вечерашното издание на емисијата “Само вистина” гостуваше универзитетскиот професор Оливер Андонов кој се осврна на моменталната криза со која што се соочува државата од аспект на здравството, но и економијата.
Андонов потенцираше дека владата во оваа криза покажала дека не е спремна да се соочи со криза од вакви размери и дека донесува мерки и чекори кои не се промислени и реални.
Владата на Република Македонија не смее да ја злоупотребува и онака лошата ситуација предизвикана од коронавирусот за политички цели, односно за активирање на пи ар тимовите за смислување убави приказни кои ниту малку не се рефлексија на реалноста, вели Андонов.
“Не смее да се дозволи неколку главни фигури од државниот врв да се заразат со коронавирус во период кога тие луѓе треба да спасуваат цели градови. Наместо тие да бидат штитот на народот, тие поради неспроведување на реални мерки се заразени со коронавирус и сега мора да бидат изолирани”, додаде Андонов.
Професорот посочи дека министрите од владата предводена од СДСМ се служат со исти пи ар трикови и го замајуваат народот, додека бројките на заразени и починати во државата кажуваат нешто сосема друго. Владата да се фати за работа додека не е предоцна, бидејќи досега ниско е нивото на заштита која владата ја обезбеди за македонските граѓани, заврши Андонов.