
Вчера во 7.10 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Славеј Планина“ настанал пожар во кој биле зафатени две куќи, сопственост на Ј.Б.(44) и И.И.(45).
-Во пожарот Ј.Б. се здобила со повреди, откако скокнала од кат од куќа, по што била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Од екипи на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран и извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.