Романското фудбалско првенство би можело да биде завршено во Турција, според пишувањето на тамошните медиуми.
Имено водствата на романските клубови на последната видео-конференција изнашле неверојатно решение за продолжување на лигата. На два месеца би го преселите натпреварувањето во турска Анталија и таму би ги одиграле преостанатите осум кола.
Клубовите прво би одработиле петнаесетдневни подготовики, а потоа би ја продолжиле сеозната којашто би траела до јули.
Фудбалерите би биле изолирани во еднокреветни хотелски соби, а вклучително и трошоците за сместување, превоз и изнајмување на стадионите, целиот проект би можело да чини околу два милиона евра.
Хотелите во турското летувалиште Анталија во овој период од годината се речиси празни. Речиси секој од нив има свој тренинг комплек, но проблем е што дел од терените не ги исполнуваат условите за телевизиски преноси.
На табелата во романското првенство во моментов води Клуј со 30 бодови, Стеауа е втора со 26 бодови, колку што има и Универзитатеа.