Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 16 и 17 јуни 2014 година, ќе учествува на Министерскиот форум за Информатичко – комуникациски технологии (ИКТ), кој ќе се одржи во Сингапур.
За време на посетата, која се остварува на покана на министерот за информатичко општество, комуникации и уметност на Сингапур, Јакоб Ибрахим, Арсовска Томовска ќе земе учество на овогодинешниот Министерски форум на тема „Паметна нација: Искористување на можностите и решавање на предизвиците.“
Министерскиот форум на ИКТ е годишен дијалог на високо ниво во организација на Светскиот економски форум, на кој ќе се разговара за клучните глобални ИКТ трендови и прашања.