Има ли пацент заболен од ковид-19 во земјата којшто бил приклучен на респираторна машина, а е излекуван и пуштен дома, беше едно од прашањата кои новинарите денеска му ги поставија на министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата.
Министерот одговори:
– Нема излекуван пациент кој бил на респираторна машина, а има пациенти кои подолго време се на респиратор. Се планира воведување и на друг начин на лекување, со отварање трахеостома, односно правење трахеотомија на некој којшто веќе покажува знаци дека може да закрепне – одговори министерот Филипче.