
Бројот на починатите како последица од заразата со новиот тип короанвирусот во изминатото деноноќие во болниците во Велика Британија се зголемило на 684 лица, а бројката на заболените од Covid-19 пораснал за 5.386 случаи, покжуваат податоците на министерството за здравство објавени во петокот.
Со тоа бројот на смртните исходи од почетокот на епидемијата во Обединетото Кралство достигна 19.506 лица, а на заболените на 143.464 луѓе.
Ден претходно овие показатели изнесуваа 18.738 починати и 138.078 заразени, со нови 638 смртни исходи и 4.583 новозаразени меѓу средата и четвртокот.
Во Британија на сила се мерките за ограничување на движење вклучително и патувањата, па во петокот лондонскиот аеродром Гетвик објави дека бројот на патниците во воздухопловниот сообраќај ќе се врати на нивото од пред пандемијата за три до четири години.
Овој аеродром, вториот со најголема феквенција на сообраќај по Хитроу, објави дека поради пандемијата од коронавирусот доживеал „драматичен пад на бројот на патниците“.
Повеќето летови од Гетвик и другите британски аеродроми се суспендирани поради карантинските мерки воведени ширум светот и забраната за патувања воведени поради спречвуање на ширење на вирусот.
Водството на Гетвик во годишниот извештај наведува дека ја подобриле ликвидноста со банкарски кредит од 300 милиони фунти. Додавааат дека два терминала и натаму се затворени, а летовите се ограничени на дневниот период од осум часа.
„Гетвик очекува дека сите овие мерки ќе овозможат брзо закрепнување на работењето и моментално проценуваме дека бројот на патниците ќе се вратат на неодмнешно ниво за 36 до 48 месеци“, се наведува во извештајот.