FDA предупредува хидроксихлорикинот да не се користи против коронавирусот надвор од болници

Американската Агенција за храна и лекови (FDA) предупреди во петокот дека хидроксихлорикинот, лекот против маларијата чијашто примена кај заразените со коронавирусот по европски стручњаци ја поддржува и американскиот претседател Доналд Трамп, да не сим се дава на заболените од Covid-19 надвор од болници и клинички испитувања поради моќните тешки нарушувања на срцевиот ритам.

Фармацевтската компанија „Sanofi“ се обврза точно пред две седмици да донира 100 милиони дози хидроксихлорикин на 50 земји шрирум ветот за помош во лекувањето на заболувањето Covid-19, а доколку истражувањата потврдат дека е ефикасен и сигурен за користење, имаат намера да го донираат на сите земји.

Во моментво во повеќе земји се спроведуваат клинички истражувања за ефикасноста и безбедноста на хидроксихлорикин во лекувањето на Covid-19. Хидроксихлорикинот е дериват на амтималарикот хлорокин и главно се користи во лекувањето на ревматскиот артритис и лупусот. На почетокот од април Европската агенција за лекови (EMA) предупреди дека антималарикот хлорокин и неговиот дериват хидроксихлорикин може да се користат во лекувањето на Covid-19 само во клиничките испитувања и во „итните програми“.

Иако резултатите од првите истражувања во Франција и Кина ветуваат, ефикасноста на хлорокинот и хидроксихлорикинот „допрва треба да се докаже“ и овие активни супстанции смеат да се применува во лекувањето на Covid-19 само во случај на крајна нужност, истакна европскиот регулатор.

Неколку земји, меѓу кои и САД, веќе го користат во лекувањето на инфицираните со новиот тип коронавирус, иако сѐ уште не научно потврдено дека ја лекува болеста.

И хролоркинот и хидроксихлорикинот може да имаат тешки нуспојави, сообено доколку се земаат во доза поголема од препорачаната или заедно со други лекови.

Само неколку часа откако на 19-ти март американскиот претседател Доналд Трамп го спомена хидроксихлорикинот во борбата против короанвирусот, фарамацевтскиот велетрговски синџир извести за недостиг од препаратот во САД, бидејќи леакрите започначе да го припишуваат себеси и на своите семејства. Пациентите, исто така, вршеле притосок врз лекарите да им ја дадат спомената терапија.

Во петокот FDA соопшти дека има информации за зголемено користење на хидроксихлорикинот и хлорокинот на рецепт, и предупреди дека овие лекови може да предизвикаат нарушување на срцевиот ритам, односно абнорамлен ритам и опасно забрзано работење на срцето.

Инаку FDA го одобри користењето на овие лекови по итна постапка, но не ги одобри за лекување на болеста предизвикана од коронавирусот. Ризиците од нарушување на срцевиот ритам може да се зголемат кога тие лекови се комбинираат со другите, како на пример со антибиотикот азитромицин, како и кај пациенти со веќе постојни болести на срцето и бубрезите, наведува американската Агенција.

Хидроксихлорикинот, исто така, се поврзува и со можен зголемен ризик од смртен исход кај пациенти во болниците за американски ветерани, покажа анализа објавена претходно оваа седмица, но чии автори не инсистираат на точноста на добиените сознанија.

Објавата на FDA доаѓа само ден откако регулаторот за лекови во Европската унија предупреди на нуспојави од овие лекови, предупредувајќи ги лекарите внимателно да ги следат пациентите кои се на овие препарати.

Засега нема докази за ефекти за овие лекови врз коронавирусот за што првично се зборуваше во Европа, а за болеста Covid-19, којашто ја предизвикува засега нема одобрен ниеден лек, ниту е најдена вакцина.