Осомничениот за најголемиот масакр во историјата на Канада во крвавиот поход убил најмалку 22 луѓе откако парнерката му побегнала кога ја нападнал, открива во петокот канадската сојузна полиција.
Полицијата и по една седмица не ги открива мотивите и сите поединости за овој напад, и како партнерката на 51-годишниот забен техничар Гебриел Вортман упеала да побегне во шумата. Локалните медиуми пренесуваат дека таа била заврзана, оти во моментов закрепнува од повредите и дека соработува со полицијата.
„Тоа бил тежок напад, женско лице успеало да побегне и тоа можеби бил катализатор за натамошните случувања“, изјави шефот на полицијата на канадската покраина Нова Шкотска, Дарен Кемпбел на прес-конференција. Додаде дека не ја отфрла можноста дека нападот бил планиран од претходно.
Партнерката на напаѓачот побегнала минатата сабота вечерта и се сокрила во шумата која го опкружува малото место Портапик во Нова Шкотска. Од неа излегла дури во неделата утрото околу 6,30 ласот и повикала полиција.
До тој момент Вортман веќе усмртил 13 луѓе во селото. Облечен како полицаец и возејќи се со лажно полициски патролно возило, тој во неделата претпладнето убил уште девет лица додека не бил пронајден на бензинска станица 30-ина километри од Халифакс, главниот град на покраината Нова Шкотска, а по престрелката со полицијата бил смртно застрелан по крвавиот поход на патот долг 100 километри кој траел повеќе од 12 часа.
Жртвите се убиени на неколку локации. Канадските медиуми почнаа да ги истражуваат нивните идентитети. Покрај полицајката Хајди Стивенсон, меѓу жртвите се и медицинска сестра, учителка и повеќе родители со деца.
На прес-конференцијата во петокот вечерта, полицијата првпат ги потврди податоците кои досега ги објавуваа медиумите за овој напад, кој траел повеќе од 13 часа. Беше потврдено дека безбедносните сили го пронашле Вортман во близина на бензиска станица оддалечена околу 90 километри од Портапик, но и дека тој претходно убил еден и ранил уште еден припадник на полцијата.
Во неделата Вортман во неселективното пукње во луѓе убил и жена која излегла во утринска прошетка, а лажното полициско возило го искористил за да запре и да застрела едно лице. Застанал и во куќа на жена којашто ја познавал, ја убил и го украл нејзиното возило.
Токму неговата парнерка ѝ открила на полицијата дека е преправен во полицаец, дека поседува лажно патролно возило и неколку парчиња огнено оружје.
„Полицаец сум речиси 30 години и не можам да замислам погрозни околности откалку да бараш некој кој ти е сличен“, изјави Кемпбел говорејќи дека масовниот убиец бил маскиран во полицаец.