
Играчот за врска на францискиот фудбалски прволигаш Монпелје, 23-годишниот Жуниор Самбиа, се наоѓа во индуцирана кома, откако бил инфициран со новиот тип коронавирус.
Младиот Французин пред три дена бил донесен во болница поради силен гастроентеритис, а со испитувањата е утврдено дека има и коронавирус.
Во средата требало да биде отпуштен во домашна изолација, но состојбата му се влошила па поради проблемите со белите дробови е ставен во индуцирана кома.
„Неговата состојба сега е стабилна. Не се влоши, но ниту се подобри, меѓутоа и натаму е тешка“, изјави неговиот менаџер Фредерик Гуера за дневниот весник Le Parisien.
Самбиа е првиот играч во француската лига кој е позитивен на коронавирусот. Во Монпелје дојде во 2017 година до Шамоа Ниортез.