Советникот на јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин за надворешна политика Чунг ин Мун денеска изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун е жив и здрав и оти од 13 април се наоѓа во областа Вонсан.
– За сега не се забележан и никакви сомнителни движења, рекол тој, а пренесува „Њузбжвик“.
Од минатата недела светските медиуми пишуваат дека здравствената состојба на Ким Џонг Ун е нарушена, а многумина шпекулираа и дали е жив.
Вчера биле објавени сателитски снимки од воз кој најверојатно му припаѓа на Ким, на железничка станица во Вонсан.
Ким не се појавил во јавност од 11 април, а според некои информации тој имал операција и е во лоша здравствена состојба.